Свет

Опаѓа производството во Еврозоната

06 Sep 2019

Производствените активности во Еврозоната во август продолжија да го намалуваат темпото, како резултат на континуираниот пад на побарувачката, кој влијае врз оптимизмот.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ), кој го пресметува лондонската компанија „ИХС маркит“, во август изнесуваше 47 поени. Резултатот е во согласност со прелиминарната процена, но значително под нивото од 50 поени, кое е границата меѓу порастот и падот на производствените активности.

Иако станува збор за подобрување во споредба со јулските 46,5 поени, сепак август е седми месец по ред со ПМИ под границата од 50 поени.

Производителите во Еврозоната се загрижени бидејќи летниот пад на фабричко производство продолжува и во август. Намалувањето на оптимизмот за претстојната година сугерира дека компаниите очекуваат оти најлошото допрва ќе дојде, изјави Крис Вилијамсон, главен економист во „ИХС маркит“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...