Германските купувачи не се грижат ако продавниците во нивната земја се откажат од продажбата на А-брендови.
Тоа е заклучок од студијата на агенцијата за советување „Оливер Вајман“. Според студијата, ако големите трговци, како што се „Едека“ и „Кауфланд“, ги тргнат А-брендовите од полиците, тоа нема да им пречи на нивните муштерии.
Резултатите од студијата покажуваат дека 52% од купувачите одвај го забележуваат недостигот на тие производи, а тројца од четворица купувачи воопшто и не ги забележуваат. Значењето на големите брендови сè повеќе се намалува, заклучуваат од „Оливер Вајман“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.