Свет

„Шварц“ ќе ги купува „Реал“?

02 Apr 2019

Групацијата „Шварц“ е во преговори за купување на најмалку 100 продавници „Реал“.

Ако локациите се добри, може да купиме и повеќе, на јавен форум истакна Клаус Гериг, извршен директор на „Шварц“, и додаде: Тој што најмногу ќе плати ќе ги добие „Реал“, но ќе има и многумина што нема да сакаат продавниците да бидат купени.

Гериг предвидува дека натпреварот ќе биде уште поагресивен во иднина. И „Лидл“ и „Кауфланд“ ќе продолжат да вршат притисок врз цената. Гериг не е загрижен за конкуренцијата, но предупредува: Ако дозволиме, „Амазон“ и „Алибаба“ можат да нè доведат во шкрипец.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...