Свет

„Метро“ е блиску до продажба на хипермаркетите „Реал“

13 Feb 2019

Германскиот синџир „Метро“ соопшти дека очекува наскоро да бидат упатени необврзувачки понуди за нејзиниот синџир хипермаркети „Реал“, а обврзувачката понуда треба да пристигне во периодот од шест до осум недели подоцна, пренесе „Ројтерс“.

Главниот извршен директор на „Метро“, Олаф Кох, потврди дека компанијата сака да го продаде „Реал“ како целина. Тој очекува позитивна цена за „Реал“ поради нивните имот и развиената електронска тргобија и додаде дека има неколку заинтересирани страни.

Банкари прогнозираа дека „Метро“ практично треба да му плати на купувачот за да се ослободи од синџирот хипермаркети. Конкурентните германски синџири може да пројавуваат интерес кон некои продавници, но компании за приватни капитални инвестиции се сметаат за најверојатни кандидати.

„Метро“ и претходно се обиде да го продаде „Реал“, но не успеа да најде купувач на синџирот, чија продажба се намали со 7,2 отсто во вториот квартал од минатата година.

„Реал“ располага со 282 продавници и има 34.000 вработени. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...