Свет

Coca Cola ќе лансира нов вкус портокал - ванила

12 Feb 2019

Coca-Cola кон крајот на овој месец ќе лансира нов вкус на омилениот пијалок, портокал ванила. Тој ќе се најде на полиците на маркетите во САД после 25 февруари. 

Компанијата одлучи да ја обнови својата понуда вкусови од Cherry Coke, Cherry Coke Zero, Vanilla Coke i Vanilla Coke Zero, по успешното лансирање на Coca-Cola Zero Sugar минатата година. 

И новиот вкус портокал ванија ќе може да се вкуси во верзија без додаден шеќер. 

Пред Coca-Cola да се одлучи за овој вкус, разгледувале уште неколку кобинации како таа со малина, со лимон и со ѓумбир, која добро функционира на азискиот пазар. 

Новите вкусови на Coca-Cola не се секогаш хит. На пример, кога компанијата во 1985 година го смени рецептот и воведе New Coke, обожавателите на овој пијалок се побунија и поради тоа компанијата се врати на производство по оригиналниот рецепт.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...