Свет

Италијанците сакаат специјални тестенини

29 Jan 2019

Потрошувачката на специјални тестенини, како што се органските, тестенините од цело зрно, спелта и без глутен, минатата година во Италија се зголеми за 12%.

Зголемената консумација е резултат на напорите на италијанските производители на тестенини, кои инвестираат околу 500 милиони евра годишно, односно 10% во просек од прометот, во иновации, истражување и развој, покажува извештајот на Асоцијацијата на кондитори и производители на тестенини.

Според извештајот, еден од двајца италијански консументи е заинтересиран да научи нешто повеќе за нови видови тестенини, а 57% од потрошувачите велат дека бараат нови вкусови.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...