Свет

Зголемени очекувања од пијалаците без шеќер

12 Nov 2018

„Кока-кола“ извести за кварталните продажба и профит кои ги надминаа прогнозите на „Вол стрит“ благодарение на тоа што потрошувачите сè повеќе консумираат газирани сокови без шеќер, премиум вода и спортски напивки.

Како и конкурентот „Пепсико“, „Кока-кола“ го зголеми портфолиото на негазирани пијалаци и ги засили напорите за да го намали шеќерот во сите пијалаци, со оглед на тоа што потрошувачите бараат поздрави опции.

Претходно годинава компанијата плати 5,1 милијарди долари за вториот најголем светски синџир кафетерии „Коста“ и презеде удел во компанијата што го произведува спортскиот пијалак BodyArmor.

Органските приходи од основниот бизнис на безалкохолниот гигант се зголемија за 6% во третиот квартал годинава, за што во најголема мера придонесоа Diet Coke, Coke Zero и газираната вода.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...