Свет

Соработка меѓу „Крогер“ и „Волгринс“

12 Nov 2018

Синџирот супермаркети „Крогер“ и фармацевтскиот синџир „Волгринс“ ја објавија соработката на пилот-проектот кој на потрошувачите ќе им овозможи достапност на производите и на услугите на двете компании.

Потрошувачите ќе бидат во можност да нарачаат производи преку интернет од продавниците на „Крогер“ и да ги подигнат во објектите на „Волгринс“. За почеток, концептот ќе биде тестиран неколку месеци во 13 продавници на „Волгринс“, во близина на седиштето на „Крогер“ во Синсинати, Северен Кентаки.

Концептот ги спојува двата најдобри бренда со цел да го редефинира начинот на кој Американците купуваат храна, изјави Родни Мекмулен, претседател на „Крогер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...