Компанијата „Монделез интернационал“ го претстави новиот слоган – „Snacking Made Right“ (Грицки направени како што треба) и најави неколку долгорочни стратегии.
Новиот слоган, како што се наведува, го отсликува новиот стратешки пристап кон потрошувачите и е одговор на нивната сè поизразена потреба за здрави грицки, направени од состојки од одржливи извори.
Планот на компанијата е подобро да ги позиционира своите снек-производи, да ги прошири производствените линии, да се сврти кон пазарите во развој и да постигне оперативна совршеност. Во фокусот на новиот план е унапредувањето на маркетиншките и дигиталните активности, како и засилена активност на е-трговијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.