Свет

„Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот

05 Nov 2018
Синџирот кафетерии „Старбакс" планира да отвори уште 2.100 ресторани ширум светот во следната година.
 
Компанијата ги објави своите планови за време на презентацијата на финансиските резултати за третиот квартал од оваа година, во кој приходот на „Старбакс" пораснал за 6,3 милијарди долари. 

Во разгледуваниот период, „Старбакс" додаде нови 600 трговски објекти кон своето портфолио, па така веќе под овој бренд во светот работат над 29.300 кафетерии.

Во изминатата 2017 година, компанијата отвори 2.300 нови локации.

Извршниот директор Кевин Џонсон наведува преку во 2019 година, компанијата ќе се фокусира кон пазарите со ветувачки пораст на долг рок, а тоа се САД и Кина.
Акциите на компанијата се зголемија за околу 9 отсто како резултат на добрите финансиски резултати.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...