Свет

„Кока-кола“ го презема „Коста“

03 Sep 2018
Компанијата „Кока-кола“ соопшти дека е постигнат договор за преземање на „Коста лимитед“, вториот најголем светски синџир кафетерии.
  
„Кока-кола" ќе го преземе „Коста" од „Вајтбред ПЛЦ“, преку трансакција вредна 5,1 милијарди долари. Со тоа ќе ја зајакне позицијата на пазарот за кафе во делови од Европа, Азија и Пацификот, Блискиот Исток и Африка со силна перспектива за натамошно проширување.
 
Освен брендот Costa, „Кока-кола" ќе добие и 4.000 локации за малопродажба.
 
Costa е водечки бренд кафе во Велика Британија, а значителен пораст бележи и во Кина. 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...