Новиот заеднички проект на групацијата „Карлсберг" и на „Бруклин" е отворањето на реновираната пиварница „Швитурис" во литванскиот град Клајпеда.
Како што е најавено, освен пиварницата, во рамките на комплексот ќе има и гастро-бар и музеј на крафт-пиво.
Сакаме да ја негуваме и да ја поддржиме богатата пивска култура на Литванија, но и да ја позиционираме „Швитурис" во центарот на пивските случувања не само во земјава, туку и во целиот Балтички Регион, истакнуваат од пиварницата.
Отворањето на „Швитурис" е уште еден од низата заеднички проекти на „Карлсберг" и на „Бруклин" во Европа, по отворањето на пиварниците во Стокхолм, Лондон и во Трондхејм.
Извор: www.esmmagazine.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.