Свет

„Реве“ ги повлекува од продажба пластичните сламки

05 Jul 2018

Германскиот малопродажен синџир „Реве груп" најави дека од следната година во продавниците нема повеќе да продава пластични сламки.

Тоа на годишно ниво значи повлекување на 42 милиони сламки, кои, покрај пластичните кеси, се сметаат за голем загадувач на околината, се наведува во соопштението на трговецот.

Во околу 6.000 продавници „Реве", „Пени" и „Том" од следната година повеќе нема да се продаваат пластични сламки, а наместо нив ќе бидат понудени алтернативи од хартија, нерѓосувачки челик или стебла од житарки.

Пластичните сламки се типични производи кои поради краткотрајната употреба ѝ штетат на околината. „Работниот век" на една сламка, како што наведува оргаанизацијата „Сис ат риск", изнесува само 20 минути. Годишно во ЕУ се употребуваат и се фрлаат 36,4 милијарди пластични сламки, а околу 100.000 пластичен отпад од земјите-членки на Унијата, завршува в море. Европската комисија планира количеството отпад, кој потекнува од производите за еднократна употреба, до 2020 година да го намали за 20%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...