На местото каде што беше лоцирана некогашната фабрика за вотка во Варшава, деновиве ќе биде отворен Музеј на полската вотка.
Посетителите ќе имаат можност да ја слушнат приказната за компанијата „Конесер" и да дознаат за атмосферата и за условите во кои биле произведувани водечките полски брендови Luksusowa и Wyborowa. Во некогашната фабрика, посетителите може да дознаат сè за процесот на дестилација преку виртуелни и интерактивни изложби, да ги откријат триковите на бармените и да слушнат детали за улогата што ја имала вотката во националните политики. Овен тоа, посетителите ќе имаат можност да дознаат и како полската вотка стекнала интернационален углед.
Вотката е важен дел од полската култура и ја следи земјата низ вековите при прославувањето на клучните моменти, се наведува во соопштението на музејот, кој ќе го води Полската фондација за вотка.
За знаењето да не остане само теоретско, посетителите ќе можат и да се напијат од овој пијалак во музејскиот бар и ресторан.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.