Компанијата „Монделез интернационал" го именуваше Лука Ѕарамела за нов финансиски директор.
Од 1 август, Ѕарамела ќе го замени Брајан Гладен, која ја напушта компанијата по 10 години на позицијата финансиски директор и кариерата ќе ја продолжи надвор од FMCG-индустријата.
Ѕарамела (46) на тимот на „Монделез интернационал" му се придружил пред повеќе од 20 години, а од 2016 година е на функцијата виш потпретседател за корпоративни финансии. Кариерата ја почнал во Италија, а продолжил на високи позиции во Јужна Америка, Европа и во Северна Америка. На новата позиција, тој ќе биде одговорен за водењето на глобалните финансии на компанијата и услугите во ИТ-секторот.
Од „Монделез" истакнуваат дека Ѕарамела има репутација на постигнување силни резултати и „интуитивно" знаење за брендовите, пазарот, опарациите, конкутенцијата и за потрошувачите.
Извор: www.esmmagazine.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.