Свет

„Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта

19 Jun 2018

Еден од најголемите светски трговски синџири – „Шпар интернационал", извести за официјалниот влез на пазарот на Малта.

Преку партнерството со малтешката FMCG-групација „Азопарди", „Шпар" – Малта на 12 јуни го отвори првиот маркет во југоисточниот дел на земјата. Продавницата се простира на продажен простор од 340 квадратни метри и во понудата има голем пекарски оддел, широк избор на свежи производи, месарница, деликатесен оддел, како и голем број производи од приватната марка на трговецот.

„Шпар" – Малта планира да отвори уште три објекти до крајот на годинава и вкупно 23 до 2025 година, од кои 2 хипермаркети „Интершпар", 4 супермаркети и 17 помали продавници. Од холандската компанија соопштуваат дела влезот на Малта е дел од актуелната стратегија за експанзија во Југоисточна Европа.

Глобалната продажба на „Шпар интернационал" минатата година достигна 34,5 милијарди евра. Трговецот отвори 232 нови продавници, со што вкупната бројка на глобално ниво достигна до 12.777 објекти, кои зафаќаат вкупна површина од 7,4 милиони квадратни метри.

Извор: www.esmmagazine.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...