Поради растот на цените на јајцата во САД, американските потрошувачи почнаа да ги набавуваат во Мексико и Канада.
Американското министерство за земјоделство забранува ваков увоз на јајца кои не се проверени по официјални канали бидејќи може да шират болести, пишува „Волстрит журнал“, а пренесува „Политика“.
Таканаречениот „пресретнат“ увоз на јајца се зголеми за 36 отсто низ САД во однос на претходната година, покажуваат податоците на американската Царина и гранична заштита. Во делови од Тексас поблиску до мексиканската граница, тој број е зголемен за 54 отсто, според Царината и граничната заштита на САД (CBP). Во Сан Диего повеќе од двојно е зголемен бројот на шверцувани јајца.
Разликата во цената е огромна, јајцата се поевтини за околу 70 проценти во Мексико, велат од царинската служба.
Просечната цена на 12 јајца од класа А во САД минатиот месец беше 5,90 долари, што е помалку од околу 3 долари една година порано. Клиентите во некои продавници плаќаат и до десет долари или повеќе за јајца. Причина за наглиот скок на цената на јајцата се последиците од птичјиот грип и уништувањето на голем број живина.
Цените на јајцата во Мексико генерално се под 2 долари за 12 јајца, иако во некои погранични градови сега достигнаа цена од околу 2,30 долари, според податоците на мексиканската влада.
Извор: biznis.ba
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.