Компанијата „Амазон“ ја проширува својата понуда на производи за убавина и лична нега во Европа со отворање на својата прва физичка продавница во Италија.
Продавницата „Амазон пармациа енд бјути“е отворена во центарот на Милано и на потрошувачите им нуди широк спектар на козметички и производи за лична нега, вклучувајќи брендови како што се Eucerin, La Roche-Posay, Vichy, Avène, Bionike, Rilastil, CeraVe и други.
Потрошувачите во продавницата имаат пристап до стручњаци кои можат да ги прашаат за каков било совет, а има и дел за лекови за кои не е потребно да се издава рецепт, со персонал од фармацевти кои им даваат на потрошувачите стручни информации и насоки за достапните производи.
Со задоволство го објавуваме отворањето продавницата која дополнително го подобрува и иновира искуството за купување на нашите потрошувачи. Ја дизајниравме оваа продавница за да им се приближиме на нашите купувачи и да им обезбедиме иновативно искуство, комбинирајќи ја врвната технологија со стручни совети, изјави Џорџо Буснели, потпретседател во „Амазон“ за стоки за широка потрошувачка за Европа.
Компанијата додава дека отворањето на продавницата ќе им овозможи да го прошират опсегот на производи за убавина и лична нега во продавниците на „Амазон“ во Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија.
Извор: InStore
Фото: „Амазон“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.