Свет

Швајцарија: „Унилевер“ е спонзор на Европското фудбалско првенство за жени

07 Feb 2025

Компанијата „Унилевер“ соопшти дека ќе е спонзор на на УЕФА Европското фудбалско првенство за жени 2025. Се очекува дека ова  фудбалско првенство кое ќе се одржи во Швајцарија од 2 до 27 јули ќе биде најгледаното и најпосетеното фудбалско првенство за жени досега.

Со растечката популарност на спортот, „Унилевер“ има за цел да ја искористи платформата за да го прикаже своето портфолио на брендови - вклучувајќи ги и  Power брендовите како што се Hellmann's, Knorr, Dove и Rexona, се вели во соопштението на компанијата.

Возбудени сме што соработуваме со ЕУФА Европското фудбалско првенство за жени што ќе им овозможи на нашите брендови да се поврзат со голема публика која се собира за да ужива во возбудливите натпревари со пријателите додека споделува вкусна храна. Како што одличната скара ги зближува луѓето, фудбалот ги обединува навивачите. Како дел од партнерството, ќе создадеме незаборавни моменти кои го истакнуваат најдоброто од летото, добра храна, одлично друштво и забавни игри, изјави Роберт де Врид, извршен директор на „Унилевер фудс“ - Европа.

Ова е возбудлива можност за некои од нашите најголеми брендови да се вклучат во голем, културно значаен момент и да се поврзат со милиони потрошувачи кои ќе го следат првенството. Партнерството совршено се вклопува со нашите производи за лична нега и хигиена. Заедно со нашите малопродажни партнери, со нетрпение очекуваме да ја продолжиме успешната соработка за време на минатогодишниот турнир за мажи, со лансирање кампањи кои мора да се видат низ каналите кои ја слават моќта на женскиот фудбал, изјави Фулвио Гуарнери, управен директор на „Унилевер персонал кер“ – Европа. 

 Надоврзувајќи се на успехот на нашата соработка минатото лето, со задоволство го продолжуваме нашето партнерство со „Унилевер“ за женското ЕВРО 2025 на УЕФА. Поддршката и интересот за женскиот фудбал е на остра нагорна траекторија, а со брендовите на Унилевер кои достигнуваат милијарда луѓе секој ден, сакаме да ја славиме моќта на фудбалот и да ги возбудиме навивачите ширум светот, изјави Гај Лаурен – Епштајн директор за маркетинг на УЕФА.

Како дел од партнерството, брендовите на „Унилевер“ ќе започнат серија иницијативи дизајнирани да го подобрат искуството на навивачите и да ја промовираат посветеноста на компанијата за развој на женскиот спорт и отстранување на бариерите, со цел да ја инспирираат следната генерација на спортистки.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Унилевер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...