„Теско“ ќе укине 400 работни места во продавниците и во централата, со цел да се истражат „нови, поефикасни начини на работа“, изјави Метју Барнс, извршен директор на компанијата во Велика Британија.
Како што објасни тој, отпуштањата се дел од планот за „поедноставување“ на работењето поради „поконкурентниот од кога било“ прехранбениот сектор.
Како дел од планот, компанијата започна разговори со вработените за голем број предложени промени, вклучително и промена на моделот на пекара во одредени продавници.
Ова се тешки одлуки кои ги засегаат нашите колеги, но веруваме дека се неопходни за да ни овозможат да инвестираме во она што е најважно за нашите потрошувачи. Наш приоритет е да ги поддржиме засегнатите колеги и ќе направиме се што можеме за да им помогнеме да најдат алтернативни улоги во нашата компанија. Во моментов имаме речиси 1.000 работни места, изјави Барнс.
Компанијата најави и инвестиции во нов дистрибутивен центар во Ајлсфорд, по веста за затворањето на дистрибутивниот центар во Снодленд. Најавено е дека трговскиот синџир на сите колеги во Снодленд ќе им понуди трансфер на нова локација во Ајлсфорд.
Оваа вест доаѓа откако „Сеинсберис“, исто така, неодамна објави дека планира да затвори 61 кафуле, како и преостанатите слаткарници и киосци за топла храна и пица, со што ќе укинат повеќе од 3.000 работни места.
Извор: Grocery Gazette
Фото: InStore
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.