Свет

Италија: „Дешпар“ го проширува асортиманот S-Budget

24 Jan 2025

Трговскиот синџир „Дешпар“ како дел од одбележувањето на 65 години од своето работење ги најави плановите за ширење на асортиманот на својата приватна трговска марка S-Budget.

Како што соопштуваат од компанијата, планот е до крајот на првиот квартал од 2025 година производите од асортиманот на S-Budget да бидат достапни на потрошувачите во сите продавници на „Дешпар“ низ Италија.

Овие производи во моментов се достапни во продавниците во регионите Венето, Трентино, Фурланија – Јулијска краина, Емилија – Романија и во Ломбардија.

 Покрај географското ширење, компанијата исто така најави лансирање и на нови производи од оваа линија, кои по лансирањето во сите региони ќе опфатат над  250 производи.

 Асортиманот опфаќа над 700 прехранбени и непрехранбени производи, гарантирајќи им на потрошувачите просечна заштеда од околу 30%.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Дешпар“ – Италија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...