„Волмарт“ најави дека планира во следните пет години да инвестира 1,3 милијарди долари во развој на продажната мрежа во Чиле.
Инвестицијата вклучува отворање на 70 нови продавници и отворање на 4.000 нови работни места, што ја одразува посветеноста на компанијата кон заедниците во Чиле, се вели во соопштението на компанијата.
Ова не е само инвестиција во инфраструктура и технологија, ова е инвестиција во луѓето, заедниците. Градиме подобра иднина за сите, за идните генерации и за нашите деца. Ние веруваме во Чиле. Ние веруваме во неговиот народ. Продолжуваме да истражуваме заедно, изјави Кристијан Бариентос, претседател и извршен директор на „Волмарт“ - Чиле.
Оваа инвестиција ни овозможува дополнително да ја подобриме вредноста што им ја даваме на купувачите, преку ниски цени на основните производи, како и на производите и решенијата кои го подобруваат нивниот квалитет на живот, изјави Кет Меклеј, претседател и извршен директор на „Волмарт интернешнл“.
Компанијата, како дел од проширувањето на мрежата, ќе го прошири своето присуство во региони каде што моментално не работи, како што се Валенар, Лос Вилос и Позо Алмонте.
Планот вклучува и изградба на деветти дистрибутивен центар на југот на земјата, како и поставување соларни панели на повеќе од 50 локации, така што 80% од енергијата што ја користи „Волмарт“ во Чиле ќе доаѓа од обновливи извори.
Извор/Фото: InStore
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.