Свет

Јапонија: Расте финансиската задолженост кај граѓаните

23 Dec 2024

Правните експерти од Јапонија предупредуваат дека расте бројот на граѓаните кои имаат проблеми со финансиска презадолженост и се погодени од зголемувањето на каматните стапки и порастот на трошоците за живеење.

Бројот на потрошувачки кредити расте со најбрза стапка во последните 16 години, а задолжувањето на домаќинствата за прв пат ги надмина приходите минатата година, пренесува „Блумберг“.

Владините претставници се загрижени дека многу луѓе кои се навикнати на екстремно ниски каматни стапки ќе се борат со зголемените долгови.

Иако Јапонија не е единствената земја чии граѓани се соочуваат со проблемот на презадолженост, експертите потсетуваат дека јапонските плати се најниски меѓу земјите од групата на држави од Г7.

Во исто време, Централната банка на Јапонија ги зголемува трошоците за задолжување, односно каматните стапки, а адвокатите проценуваат дека личните банкротирања, кои се веќе на највисоко ниво од пандемијата, ќе достигнат рекорден број.

Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...