Свет

Германија: „Метро“ бележи пораст на продажбата

20 Dec 2024

Компанијата „Метро“, благодарејќи на својата стратегија „Скор“, соопшти дека остварените резултати во 2023/2024 година оствари резултати согласно очекувањата.

Имено, пријавените продажби се зголемени за 1,6% на годишна основа до 31 милијарда евра, односно за 5,9% во локална валута, што е во согласност со очекувањата на компанијата за раст од 3% до 7%, се вели во соопштението на компанијата.

Како што соопштуваат од компанијата, продажбата била под силно влијание на негативните валутни ефекти, особено во Русија и Турција. Сепак, сите деловни сегменти придонесоа за раст на продажбата.

Продажбата во продавниците е зголемена за 2,3% на 22,9 милијарди евра, вредноста на испораките е зголемена за 16,8% на 7,9 милијарди евра, додека продажбата на „Метро маркетс“ е зголемена за 49,3% на 0,2 милијарди евра.

Прилагодената ЕБИТДА во овој период има пад на 1,05 милијарди евра, што е за 67 милиони евра помалку во однос на истиот период претходната година, но помалку од очекувањата на компанијата за загуба до 100 милиони евра.

Пред три години, си поставивме конзистентен пат за раст со фокус на повеќеканалната трговија на големо. Користејќи ја нашата стратегија „Скор“, успеавме да постигнеме раст на продажбата трета година по ред. И покрај тешката геополитичка и економска ситуација, забележавме раст во сите канали и региони и можевме дополнително да ја подобриме нашата позиција на пазарот. Ќе продолжиме уште посилно да се фокусираме на продуктивноста и профитабилноста, без да го изгубиме од вид одржливиот раст. Цврсто сум убеден дека ќе ги оствариме нашите амбиции до 2030 година, изјави Штефен Гројбел, извршен директор на „Метро АГ“.

Кога станува збор за финансиската 2024/25 година. компанијата очекува раст на продажбата во опсег од 3% до 7%, како и благ пораст на пријавениот Ебитда“.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Метро“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...