Британската управа за конкуренција и пазари (БКП) и Европската комисија го одобрија преземањето на „Бритвик“ од страна на „Карлсберг“.
На почетокот на април, „Карслберг“ постигна договор за купување на британскиот производител на безалкохолни пијалоци за 1.315 пени по акција, или 3,3 милијарди фунти (4,2 милијарди долари).
Пиварницата тогаш соопшти дека нејзиниот интерес за „Бритвик“ е во согласност со стратегијата објавена во февруари, која вклучува проширување на своето портфолио надвор од сегментот на пиво.
На 17 декември, компанијата доби официјално одобрение за преземање од Европската комисија и Британската управа за конкуренција и пазари, кои изјавија дека нема да бараат понатамошна истрага за пазарната конкуренција кога станува збор за оваа аквизиција.
Воодушевени што ги добивме сите потребни регулаторни одобренија и со нетрпение очекуваме да заврши трансакцијата во јануари 2025 година. Веруваме дека спојот на „Карслберг“ и „Бритвик“ ќе создаде многу атрактивен добавувач на пијалоци во Обединетото Кралство, со ефикасен синџир на снабдување и дистрибутивна мрежа која им обезбедува на нашите купувачи портфолио од водечки брендови на пазарот и услуга од светска класа, изјави портпаролот на „Карслберг“ по веста за одобрувањето.
Аквизицијата се очекува на да заврши16 јануари следната година.
Извор: Grocery Gazette
Фото: „Бритвик“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.