Свет

САД: „Амкор“ и „Крафт Хајнц“ им помагаат на банките за храна за време на празничната сезона

05 Dec 2024

Во пресрет на Денот на благодарноста и Божиќ, компаниите донираа 78.000 кутии Mac & Cheese на банките за храна низ САД.

Според соопштението на „Амкор“, донацијата има за цел да одговори на зголемената побарувачка за прехранбени производи со кои се соочуваат многу заедници и банки за храна за време на празничната сезона.

Меѓу заедниците кои ја примаат донацијата е и Северна Каролина, каде напорите за закрепнување сè уште се во тек по ураганот Хелена.

„Амкор“ и „Крафт Хајнц“ соработуваат повеќе од 50 години за да произведат широк спектар на решенија за пакување, вклучувајќи флексибилни и цврсти пакувања за производи како што се зачини, сосови и готови оброци.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...