Свет

Велика Британија: „Унилевер“ инвестира 40 милиони фунти во производство на сосови

29 Nov 2024

Како дел од инвестицијата вредна 40 милиони фунти и петгодишниот процес на трансформација на работата, „Унилвер“ отвори нова фабрика за сосови во Бартон.

Новата фабрика, лоцирана веднаш до постоечката фабрика во Бартон, ќе биде центар на работењето  со сосови на компанијата во Обединетото Кралство, произведувајќи 99% од производите кои ќе се доставуваат до продавниците низ целата земја.

Според компаниите, целта на инвестицијата е да се стимулира растот на „Унилевер“ во Велика Британија преку подобрување на ефикасноста на синџирот на снабдување, проширување на капацитетите и зголемување на производството.

Инвестицијата во нашата локација во Бартон ја потврдува нејзината важност како центар за производство на храна во Обединетото Кралство. Со консолидирање на производството на сите наши сосови на едно место и фокусирање на подобрување на нашите дигитални способности, ние навистина го оптимизиравме нашиот синџир на снабдување и производство, значително зголемувајќи го капацитетот на фабриката. Инвестицијата ќе биде клучна за поддршка на понатамошниот раст на нашиот бизнис со храна и нашите водечки брендови. Оваа инвестиција е доказ за континуираната посветеност и експертиза на нашите тимови, кои овозможија неверојатен раст за толку краток временски период, рече Андре Бургер, генерален менаџер за храна во „Унилевер“ за Велика Британија и Ирска.

Со отворањето на новата фабрика, производствената површина во Бартон беше проширена за 50% на 31.000 метри квадратни, додека овие две фабрики сега имаат девет производни линии.

Новата фабрика користи и напредни технологии како роботски палетизатори и системи за собирање податоци во реално време, како и 3Д печатење, што овозможува побрза замена на скршените машински делови и доверливост на операциите.

Со отворањето на фабриката се отворени 160 нови работни места.

 

 

 

 

 

 

Извор: FoodBev

Фото: „Унилевер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...