Свет

Швајцарија: „Амкор“ се спојува со „Бери глобал“

26 Nov 2024

Компанијата за пакување „Амкор“ најави спојување со производителот на пластична амбала „Бери глобал груп“.

Како дел од спојувањето, кое беше едногласно одобрено од одборите на директори на двете компании, акционерите на „Амкор“ ќе поседуваат 63 отсто од акциите, додека акционерите на групата „Бери“ ќе поседуваат 37 отсто од компанијата.

Комбинираната компанија која обединува два висококомплементарни бизниси за да создаде глобален лидер во решенијата за пакување, ќе има „иновативни способности и невиден обем“ и ќе биде уникатно позиционирана за да го забрза растот, да одговори на барањата за одржливост на купувачите во однос на одржливост, трансформацијата на портфолиото и ќе им овозможи значителна вредност на сите акционери, се вели во соопштението.  

Ова спојување е дел од нашата стратегија за забрзување на растот, што го става потрошувачот на прво место, подигнувајќи ја улогата на одржливост и ориентирајќи го портфолиото кон брзо растечки категории. Ќе имаме поцелосна и поодржлива понуда на производи, поддржана од посилни иновативни способности, глобални размери и флексибилност на синџирот на снабдување. Ќе им помогнеме на глобалните и локалните купувачи да растат побрзо и да работат поефикасно со исклучително талентиран тим. Спојувањето, исто така, ќе доведе до промени во годишниот слободен готовински тек, раст на заработката и создавање вредност за нашите акционери. Со нетрпение очекуваме да му се придружиме на „Бери“ за да ги забрзаме промените, изјави Питер Кониецни, извршен директор на „Амкор“.

Важно е тоа што „Бери“ и „Амкор“ ги усогласија филозофиите фокусирани на безбедноста, искуството на вработените, одржливоста, иновациите, ангажманот на купувачите и функционалната извонредност. Заедно ќе бидеме подобри и се радувам на се што ќе постигнеме како комбинирана компанија, изјави Кевин Квилински, извршен директор на „Бери глобал груп“.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Амкор“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...