Свет

Швајцарија: „Нестле“ ќе го одвои работењето со вода и премиум пијалаци

22 Nov 2024

„Нестле“ ги најави плановите за одвојување на работањето со вода и премиум брендовите на пијалаци, како посебна дивизија почнувајќи од 1.јануари 2025 година.

Од компанијата истакнуваат дека целта на ваквата одлука, која вклучува зголемување на оперативната ефикасност, инвестициите и маркетингот, како и намалување на трошоците, е  да го поттикне растот на категориите и да ги подобри перформансите.

„Нестле“ планира да ги одвои брендовите на флаширана вода и прeмиум пијалаци, вклучувајќи ги брендовите како што се  Perrier и San Pellegrino, во независна деловна единица.

Новоформираната единица ќе ја води Мируел Лиенау, директор на „Нестле вотерс“ за Европа.

За првите девет месеци компанијата пријави пораст од 2% на годишно ниво. Неодамна избраниот нов директор на компанијата Лаурен Фрекси, истакна дека и понатаму ќе се потпираат на посветеноста и експертизата на тимот на „Нестле“ кој донесува позитивни промени на пазарот, а на компанијата ќе и овозможи одржлив раст и профит.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Нестле“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...