Компанијата „Џамбо“ лансира нови приватна трговска марка на прехранбени производи под името Jumbo's, кои ќе им бидат достапни на потрошувачите во сите 725 продавници на компанијата низ Холандија и Белгија.
Трговската марка која е развиена во соработка со куварите од „Џамбо Фудколеџ“ вклучува свежи оброци, сосови, кафе и овошни мармалади, а компанијата разви и намази од зеленчук.
Овој асортиман одговара на растечката потреба за пристапни производи, кои ги земаат во предвид одржливоста и здравјето, наведуваат од компанијата.
Секоја од категориите на производи имаат различно пакување и дизајн, затоа што, како што велат од компанијата, секоја категорија е „свет за себе“.
Купувачите се повеќе бараат производи кои комбинираат врвен квалитет и вкус со прифатлива цена. Одржливоста исто така станува сè поважна. Со новиот бренд на производи Jumbo’s, кои се сензационално вкусни сакаме да ги изненадиме нашите купувачи. Ова лансирање претставува апсолутна пресвртница во историјата на „Џамбо“, рече Тон ван Веен, извршен директор на супермаркетите „Џамбо.“
Од компанијата додаваат и дека во наредниот период се планира и натамошно проширување на палетата на производи.
Извор: InStore.rs
Фото: „Џамбо“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.