Свет

Обединето Кралство: „Теско“ ја шири својата железничка транспортна мрежа

16 Oct 2024

„Теско“ ја шири својата транспортна мрежа со додавање на десетти воз во својот синџир за снабдување.

Најновиот воз на компанијата ќе превезува месечно околу 600.000 сандуци со роба, со што ќе се заменат 90 неделни рути кои беа потребни за превоз на робата од главното складиште во Дејвентри до регионалното складиште во Виднес, соопшти компанијата.

Овој потег ќе доведе до значително намалување на поминатите километри што ќе резултира со годишна заштеда на над 6.000 тони на СО2. Вкупниот број на сандуци откако се воведува новата услуга во железничката мрежа на компанијата ќе биде над 300 милиони.   Покрај тоа, компанијата истото така ќе го зголеми бројот на продавници кои примаат роба преку железница низ Обединетото Кралство на 198.

 Дистрибутивната мрежа на „Теско“  е една од најопсежните во Обединетото Кралство и игра важна улога во напорите во нашата работа да бидеме СО2 неутрални до 2035 година. Префрлувањето на патниот на железничкиот превоз ни овозможува да ги доставиме производите до нашите продавници на одржлив начин, отстранувајќи ги илјадниците патувања со камиони секоја година и намалувајќи го јаглеродниот отпечаток, изјави Кен Марфи, извршен директор на „Теско“.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Теско“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...