„Морисонс“ отвори оглас вработување на 3.000 лица за време на Божиќ во своите продавниците, локациите за производство на храна и во складиштата низ Велика Британија, за да одговори на зголемената побарувачка.
Компанијата е во потрага по асистенти кои ќе работат во продавниците, возачи кои ќе вршат достава и оперативци во производството и во складиштата.
Додека „Морисонс“ се подготвува за празничната гужва, бараме 3.000 нови колеги кои ќе се приклучат на нашите талентирани тимови. Се радуваме што ќе им посакаме добредојде на новите колеги кои ќе имаат клучна улога во креирањето и испораката на производи со кои прославувањето на нашите купувачи ќе биде посебно, изјави Клер Граингер, директорка за човечки односи за „Морисонс“.
Покрај тоа што условите за работа се флексибилни, за повеќе позиции не е потребно претходно работни искуство, се наведува во соопштението на компанијата.
На нововработените компанијата ќе им обезбеди и попуст од 15% на целиот асортиман во продавниците, како и попусти за нивните пријатели и семејства.
Извор/Фото: InStore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.