Британската компанија „Теско“ соопшти дека ќе инвестира четири милиони фунти во проектот „Овошје и зеленчук за училиштата“.
Во рамките на проектот, кој е лансиран во соработка со британската Фондација за исхрана, компанијата ќе обезбеди овошје и зеленчук за 140.000 ученици во 400 училишта низ државата.
Компанијата ќе ги поддржи учениците во училиштата во кои процентот на бесплатно оброци е поголем од просекот, а вкупно ќе обезбеди околу 16 милиони парчиња на овошје и зеленчук, што во просек е 110 порции по ученик во текот на училишната година.
Нашата цел е да им овозможиме на училиштата доволно овошје и зеленчук и децата да го имаат секој ден. Проектот ќе направи вистинска разлика во давањето на помош на нешто што младите луѓе чекаат да го добијат секој ден и се надеваме дека ќе има уште еден мал поттик да ги натераме да јадат здрава храна. Знаеме дека не можеме да ги промениме навиките преку ноќ, но можеме да обезбедиме младите луѓе во некои од најзагрозените заедници во Велика Британија да добијат пристап до овошје и зеленчук, изјави Кен Марфи, извршен директор на „Теско.“
Извор/Фото: Instore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.