Шпанската компанија „Ероски“ ги соопшти резултатите за првата половина од годинава и пријави пораст на приходите од 2,5% односно од 2,86 милијарди евра.
Како што соопштуваат од компанијата овој пораст првенствено е поттикнат од зголемената продажба во прехранбениот сектор, која пораснала за 3,3% и достигнала 2,72 милијарди евра.
Нето добивката била намалена за 19,7 милиони евра и изнесува 50,2 милиони евра, а тоа се должи на ценовната конкурентност и силните резултати од почетокот на минатата година.
Ебитда на компанијата достигнала 155 милиони евра, со стапка од околу 6%, што укажува на позитивните можности во останатиот дел од годината.
Кога се работи за следиот дел од годината компанијата е со оптимизам и сака да продолжи со растот и да ја одржи стабилна финансиската позиција.
Минатата година групацијата пријавила пораст на оперативниот профит од 26,9% или 259 милиони евра, како и пораст на бруто продажбата од 6,3% на 5,7 милијарди евра.
Извор: ESM magazine
Фото: „Ероски“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.