Свет

САД: „Пепсико“ ја купува „Сиете фудс“

03 Oct 2024

„Пепсико“ ги најави плановите за аквизиција вредна 1,2 милијарди долари на компанијата за прехранбени производи „Сиете фудс“.

Аквизицијата, за која се чека одобрување од регулаторните комисии и која се очекува да заврши во првата половина од следната година, го означува стратешкиот потег на „Пепсико“ кон подобрува на понудата на здрава храна и диверзификација на асортиманот.

„Сиете фудс“ е основана во 2014 година и произведува тортиљи, грицки и други производи инспирирани од мексиканската кујна.

Семејството Гарза изгради многу посебен бренд. Веруваме во духот и автентичноста на брендот на „Сиете“ и возбудени сме што ќе го прошириме нашето мултикултурно портфолио, изјави Рамон Лагуарта, претседател и извршен директор на „Пепсико“.

Се надеваме дека ова ново поглавје за „Сиете“ ќе послужу како инспирација за другите латино компании, изјави Мигуел Гарза, коосновач и извршен директор на „Сиете фудс“.

Аквизицијата е согласно со ширењето на трендовите во индустриајта, затоа што големите компании за храна и пијалаци сѐ повеќе бараат да превземат мали, иновативни брендови, кои резонираат со различни бази на потрошувачи.

Најновите податоци покажуваат дека здравата исхрана продолжува да расте, при што потрошувачите сѐ повеќе им даваат приоритет на исхраната и на транспарентноста на состојките.

Извор: InStore

Фото: „Пепсико“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...