Свет

Нигерија: „Кока Кола“ ја поттикнува економијата преку инвестиции

01 Oct 2024

Системот на „Кока Кола“ во Нигерија кој се состои од компаниите „Кока Кола Нигериа лимитед“ и овластениот полнач „Нигерија ботлинг компанија“, ги најави плановите за проширување државата.

Во следните пет години компанијата планира да ги забрза своите инвестиции во Нигерија со што тие ќе достигнат до една милијарда долари.

 Последните десет години, „Кока Кола хеленик ботлинг компани“, позната како „Нигериан ботлинг компани“, инвестирала 1,5 милијарди долари во Нигерија. Со најавените инвестиции, во следните пет години системот ќе ги зголеми инвестициите за повеќе од двојно.

Оваа инвестиција ја потенцира континуираната доверба на системот на „Кока Кола“ во нигерискиот пазар и во неговите ветувачки економски капацитети. Се очекува дека оваа инвестиција ќе ги поддржи различните сектори од синџирот на вредности, во кој се вкучени добавувачите, дистрибуитерите, трговците и партнерите за рециклирање.

Системот на „Кока Кола“ е дел од нигериската заедница над 70 години и верува во силата и постојаноста на потенцијалот на пазарот. Возбудени сме што можеме да ја најавиме оваа инвестиција која ја покажува нашата посветеност во поттикнувањето на економскиот пораст и создавањето на можности за вработување во земјата, изјави Зоран Богдановиќ, главен извршен директор на компанијата „Кока Кола хеленик ботлинг компани“.

 Оваа инвестиција ги нагласува напорите на нашиот систем да поткрене иницијатива, а истовремено и да ја зачува вредноста на локалното значење. „Кока Кола“ е составен дел од африканскиот континент повеќе од 96 години и новите инвестици во Нигерија го повторуваат нашиот оптимизам во врска со овој континент, изјави Џон Марфи, претседател и главен финансиски директор на „Кока Кола“.

Во системот на „Кока Кола“ во Нигерија моментално се вработени над 2.800 работници кои работат на 8 локации низ државата.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Кока Кола“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...