Свет

Русија: „Лента“ со зголемени приходи во вториот квартал

12 Aug 2024

Трговската компанија „Лента“ ги објави клучните деловни и финансиски резултати кои ги оствари во вториот кваратал од годинава.

Овие резултати ги опфаќаат показателите од 02.10.2023 година за малопродажбата на локалниот синџир „Монетка“. Продажбата на компанијата пораснала за 59,7% на годишно ниво или на 211,6 милијарди рубљи. Малопродажбата изнесувала 209,9 милијарди рубљи, што е зголемување од 62% во однос на истиот период од претходната година. Исто така, продажбата „лајк фор лајк“ пораснала за 14,6%, а онлајн продажбата пораснала за 29.7% на годишно ниво на 15,4 милијарди рубљи.

Во извештајот на компанијата се наведува дека отвориле 186 продавници, еден хипермаркет и три супермаркети. Вкупната малопродажна површина била зголемена за 33,3% и изнесува 2,358 квадратни метри.

Компанијата соопшти дека ебитда во истиот период пораснала за речиси 2,8 пати и достигнала 16,7 милијарди рубљи.

 

 

Извор: retail.ru

Фото: „Лента“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...