Свет

Германија произвела најмногу сладолед во ЕУ

09 Aug 2024

„Еуростат“ објави дека минатата година во ЕУ биле произведени 3,2 милијарди литри сладолед, што е за 1,4% помалку од 2022 година, кога биле произведени 3,3 милијарди литри.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, Германија била главен производител на сладолед со 612 милиони литри, пред  Франција со 568 милиони литри и Италија со 527 милиони литри на сладолед.

Германија го произведувала и најевтиниот сладолед по цена од 1,8 евра за литар. Сладоледот што го произведуваа Литванците  бил по цена од  1,9 евра за литар, а Чесите за две евра. Франција објави производна цена од 2,2 евра за литар, додека цената во Италија беше 2,6 евра за литар сладолед. Тоа е околу три пати поевтино од цената на производството на сладолед во соседна Австрија, каде производството на литар сладолед чинеше дури 7,7 евра, односно највисоко во ЕУ. Производството на литар сладолед во Унгарија чинело 4,8 евра, а во Грција 3,7 евра.

 Минатата година земјите од ЕУ извезоа 261 милион килограми сладолед надвор од ЕУ со вкупна вредност од една милијарда евра. Истовремено увезени се 56 милиони килограми сладолед за 217 милиони евра. Извозот е зголемен за пет отсто, а увозот е намален за осум отсто, во однос на 2022 година. Најголем извозник на сладолед од ЕУ беше Франција со петтина од вкупниот извоз, пред Холандија, Германија и Италија.

 

 

Извор: Danas

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...