Свет

Шведска: Пад на економијата во вториот квартал

30 Jul 2024

Според прелимираните проценки во второто тромесечје од годинава шведската економија бележи пад од 0,8 отсто во однос на претходниот квартал, објави Заводот за статистика (СЦБ).

Како што соопштуваат од Заводот, овој пад е пред се последица на лошите резултати од април.

Шведската економија на меѓугодишно ниво има стагнација во однос на вториот квартал од 2023 година.

Овие резултати се неповолни во однос на податоците од првото тромесечје од годинава, кога бил забележан пораст за 0,7 отсто.

Заводот за статистика неодамна објави дека годишната стапка на инфлација во Шведска во јуни имала пад на 2,6 отсто од мајските 3,7 отсто, што е претставува најниско ниво од 2021 година.

 Во јуни цените на храната и безалкохолните пијалаци пораснале за 1,1 отсто на меѓугодишно ниво, домувањето и комуналиите поскапеле за 5,6 отсто, а транспортот за 0,1 отсто.

 

Извор: Euronews

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...