Свет

Холандија: „Акшан“ оствари пораст на продажбата за 20,1%

23 Jul 2024

Во првата половина од годинава „Акшан“ пријави дека оствариле пораст на нето продажбата од 20,1% на годишно ниво, односно 6,2 милијарди евра.  

Нашите купувачи многу ги ценат сопствените брендови на компанијата поради нивниот квалитет и цените. Затоа континуирано инвестираме во квалитетот и одржливоста на овие производи. Почнавме да го надградуваме асортиманот на производи за заштита од сонце, а продолжуваме со нашата линија за чистење Spargo, како и со Hotel Roial. Рецензиите од купувачите, тестовите за производи и наградите го илустрираат напредокот на влијанието на нашите приватни трговски марки, изјави Хаџир Хаџи, извршен директор на „Акшан“.

За овој период од годинава компанијата отворила 119 нови продавници, а за годинава најави отворање на уште 330 продавници.

 

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Акшан“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...