Свет

Кина: Се очекува стабилизација на пазарот за пиво

16 Jul 2024

Аналитичарите очекуваат дека во втората половина од годинава потрошувачката на пазарот на пиво во Кина, која што е најголем светски производител и потрошувач на пиво, ќе се стабилизира.

Се очекува дека спортските настани како Олимписките игри во Париз и КОПА Америка, заедно со топлото време ќе ја зголемат побарувачката за пиво.

Аналитичарите од „ЦГС Интернационал“ истакнуваат дека се очекува продажбата на пивото  да биде поголема од она што се очекува.

Пазарот на пиво покажува јасен тренд на пораст, а главните брендови на пиво се натпреваруваат во лансирањето на производи и услуги кои одговараат на потрошувачката, наведуваат од компанијата „Оичача“, од каде откриваат дека бројот на компании кои се дел од оваа индустрија во Кина, минатата година пораснала на 7.000.

Покрај тоа, се очекува дека трендот на фаворизирање на пиво од разни класи ќе ги зголеми маржите за пиварниците кои дополнитено се потпомогнати од ниските цени на јачменот кои ги влијаат на намалување на трошоците.

Податоците од кинаската Царинска агенција покажуваат дека просечната увозна цена на јачменот паднала за 30% на годишно ниво, на 273 долари по тон.

 Очекуваме овој тренд да продолжи во текот на целата година, соопштуваат од „ЦГС“.

Извор: SEEbiz

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...