Свет

САД: Зголемени приходите на „Пепсико“ во вториот квартал

15 Jul 2024

„Пепсико“ го надмина очекувањата на аналитичарите за вториот квартал, кои сметаа дека зголемените цени и конкуренцијата ќе ја забават продажбата на грицки и газирани пијалаци во САД, кое воедно е и најголем пазар на компанијата.

Аналитичарите велат дека цените на суровините, кои почнуваат да се нормализираат по речиси двегодишни повеќекратни зголемувања, остануваат повисоки отколку пред пандемијата, давајќи им простор на производителите да ги зголемат цените за да се справат со падот на обемот.

Во вториот квартал „Пепсико“ ги зголеми цените на своите производи за 5%. Тоа зголемување во вториот квартал ја зголеми и бруто маржата за 120 базни поени, меѓутоа растот на обемот на продажбата во овој период имал пад за 3%.  

Приходите на компанијата во овој квартал имаа пораст за 0,8% или 22,50 милијарди долари, заработката на компанијата по акција изнесува 2,28 долари, надминувајќи ги прогнозите од 2,16 долари по акција.

За оваа година компанијата ги задржа своите насоки за раст на приходите од околу 4% и заработка по акција за најмалку 8%.

 

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Пепсико“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...