Како што пренесуваат медиумите, компанијата „Карфур ја разгледува можноста за аквизиција на дистрибутерот за храна „Увеско груп“ од компанијата „Паи партнерс“.
„Паи партнер“ има мнозински удел во „Увеско“ кој во Шпанија управува со трговските синџири „БМ супермеркадос“ и „Супер Амара“.
Во оваа аквизиција „Карфур“ соработува со консултантската куќа „Пвц“, која минатат година ги советуваше во купувањето на 47.продавници на „Суперкор“ од компанијата „Ел корте инглес“.
Медиумите пренесуваат дека аквизицијата би изнесувала помеѓу 700 и 800 милиони евра, напоменувајќи дека оваа аквизиција би ѝ помогнала на компанијата да го консолидира работењето во Шпанија, особено во северниот дел.
Интерес за компанијата изразиле и од „Ошан ретаил“ кој управува со трговскиот синџир „Алкампо“ и „Сонае“ која управува со трговскиот синџир „Континенте“.
Извор: ESM magazine
Фото: „Карфур“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.