Унгарската влада соопшти дека на почетокот на јули ќе го укине ограничувањето на цените за група на прехранбени производи во големите трговски синџири од причина што нивниот раст е прилично ослабнат.
Претходно, унгарската влада ги огранични цените на храната кои минатата година во јуни пораснаа за 29,3 отсто, во однос на истиот месец во 2022 година, што е најголем пораст во земјите членки на ЕУ.
Малопродажните синџири со годишен промет поголем од милијарда форинти (2,72 милиони долари) мораа на купувачите да им понудат неделни попусти на 20 прехранбени артикли, вклучувајќи ги производите како што е млекото, сирењето, лебот, за најмалку од 15 отсто.
Изминатите месеци поскапувањето на храната е намалено на околу еден отсто, а во мај цените паднаа во однос на претходниот месец, соопштуваат од унгарската влада и додаваат дека поради тоа од 1 јули ќе биде укинато ограничувањето на цените.
Благодарејќи на зауздувањето на инфлацијата, реалната зарботувачка во Унгарија од септември е во пораст, односно семејните приходи вредат повеќе, а од таа мерка ја поттикнала потрошувачката.
Според „Еуростат“ годишната стапка на инфлација изнесува 3,9 отсто во мај, а цените на храната биле пониски за 2,3 отсто во однос на истиот месец од претходната година. Со тоа ова е петти месец по ред како има пад на цените на хранта во Унгарија.
Извор: tPortal
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.