„Пепсико“ објави дека планира да инвестира 160 милиони долари во нова фабрика за грицки во Казахстан.
Фабриката ќе произведува производи од „Пепсико“ како што е чипсот Lay's, изјави премиерот на Казахстан Ољас Бектенов во соопштението за медиумите, додавајќи дека локализацијата на производството и воведувањето иновативни технологии ќе ја олесни и забрза преработката на домашните земјоделски производи.
Се очекува објектот, чиј производствен капацитет ќе достигне до 16.000 тони грицки годишно, да биде завршен до 2026 година, а капацитетот да достигне 17.000 тони до 2027 година.
Фабриката, која ќе работи на одржливи деловни принципи како што е рециклирање отпад, ќе произведува производи за Централноазискиот пазар и пошироко.
Дејвид Манзини, претседател на „Пепсико“ за Русија, ја истакна важноста на соработката на компанијата со земјоделците од Казахстан, во чии рамки се планира откуп на околу 60.000 тони компири во периодот од 2026 до 2030 година.
Во фазата на изградба ќе бидат вработени околу 1.000 лица, а со отворањето на компанијата ќе се отворат 350 нови работни места.
Се вчитува следна вест...