Компанијата, која излезе од рускиот пазар во 2022 година, поднесе барање во април да ги регистрира своите брендови Coca-Cola, Fanta и Sprite во Русија.
Рускиот портал „Вједомости“, кој прв ја објави оваа информација, се повика на базата на податоци на Федералната служба за интелектуална сопственост на Русија (Роспатент).
Да потсетиме, во март 2022 година, компанијата објави дека ја прекинува работата во Русија, а производството и продажбата на пијалаци под овој бренд заврши во јуни истата година.
Нашите срца се со луѓето кои ги трпат последиците од трагичните настани во Украина, објави тогаш компанијата на својата веб-страница.
И други брендови го напуштија рускиот пазар по избувнувањето на конфликтот во Украина. „Хајнекен“ ги продаде своите средства, вклучително и седум пиварници на руската компанија за пакување и производи за широка потрошувачка „Арнест груп“, додека на „Карлсберг“ и беше одземена својата подружница. „Пепсико“ по пауза од неколку месеци се врати во Русија под ново име - Evervess.
Фото: Џејмс Јарема/Unsplash
Се вчитува следна вест...