Свет

Германија: Силната кинеска побарувачка го поттикнува порастот на извозот на вино

14 Jun 2024

Германскиот извоз на вино се зголеми за 9 отсто на годишно ниво во првиот квартал од 2024 година, односно на 92 милиони евра, главно поради силната побарувачка од Кина, објави Германскиот институт за вино.

Како што соопшти Институтот, во првиот квартал од Германија во други земји се извезени 283.000 хектолитри вино.

Извозот во Кина се зголеми за 47% во вредност, на 5,4 милиони евра, а за 49% во обем, на 10.000 хектолитри. Двоцифрен пораст е забележан и кај извозот во Данска, Јапонија, Холандија и Полска.

Во 2023 година прометот е зголемен за 4% на 384 милиони евра во однос на претходната година, главно како резултат на поскапувањата, наведува Институтот.

Во периодот од април 2023 до март 2024 година, винарниците во просек добивале по 3,35 евра за литар, што е за 13 центи повеќе во однос на истиот период од претходната година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...