Свет

САД: „Волмарт“ воведува дигитални цени во 2.300 продавници

13 Jun 2024

„Волмарт“ во соработка со компанијата „Вижн груп“ го најави воведувањето на дигитални цени во 2.300 продавници.

За неделно ажурирање на хартиените цени за над 120.000 производи, колку што бројат просечно продавниците на „Волмарт“, на вработените обично им требаат околу два дена. Дигиталните цени можат да се ажурираат во рок од две минути преку мобилна апликација „Ми@Волмарт“, соопштуваат од компанијата.

Исто така дигиталните цени ќе им овозможат на вработените побрзо да ги пронајдат производите за пополнување на онлајн нарачките, благодарејќи на позадинското ЛЕД светло на етикетите кои се палат кога вработените ќе притиснат копче на апликацијата, додаваат од компанијата.

Покрај тоа, дигитализацијата ќе им помогне на компаниите да го намалат оперативниот отпад во својот трговски синџир.

Дигиталните цени се очекува да бидат воведени во овие продавници до 2026 година.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Волмарт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...