Државите од еврозоната во март годинава забележале суфицит од 24,1 милијарди евра во трговската размена со од земјите во светот, покажуваат првите проценки на „Евростат“.
Една година претходно, бил остварен суфицит од 19,1 милијарди евра.
Извозот на стоки во овој период изнесувал 245,4 милијарди евра, што е пад од 9,2% во споредба со истиот период лани, кога изнесувал 270,4 милијарди евра.
Увозот од другите држави изнесувал 221,3 милијарди евра, што е пад од 12% во споредба со март 2023 година, кога изнесувал 251,4 милијарди евра.
За периодот од јануари до март годинава, Еворзоната забележала суфицит од 57,5 милијарди евра, во споредба истот педиод лани кога изнесувал 9,4 милијарди евра.
Извозот на стоки од Еврозоната паднал на 705 милијарди евра ( што е намалување од 3,2% во однос на јануари – март 2023 година), а увозот имал пад на 647,5 милијарди евра ( што е намалување од 12,% во однос на една година претходно).
Извор: ec.europa.eu
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.