Свет

Унгарија: „Хел енерџи“ ги проширува производните капацитети

27 May 2024

Компанијата „Хел енерџи“ на свечен  настан во индустрискиот парк „Хел“ во Сиксо ја отвори својата нова фабричка единица.

 Со новата фабричка единица, „Хел енерџи“ сега ќе се протега на површина од 771.100 квадратни метри, со што производните капацитети годишно  ќе достигнат до десет милијарди лименки, вклучувајќи четири милијарди лименки и шест милијарди наполнети готови производи, односно до 31 милион алуминиумски лименки дневно, од кои 18 милиони ќе бидат полни.

 Покрај тоа, новиот фабрички комплекс отсега ќе биде погоден и за производство на алуминиумски лименки од 500 мл., со што дополнително ќе се прошири асортиманот на производи на компанијата.

 Голема чест и радост е да ги отвориме портите на нашиот нов фабрички објект, означувајќи го почетокот на новата ера во која производството и полнењето на алуминиумски лименки за пијалаци се одвива во рамките на истиот комплекс. Ова е најнапредниот и најефикасен оперативен модел во индустријата, каде што конкурентноста и одржливоста се тесно поврзани со заштитата на животната средина, рече Барнабас Церекле, извршен директор на „Хел енерџи“ – Унгарија лтд.

 На отворањето на фабриката беше одбележана и 18-годишнината од основањето на брендот HELL. Брендот моментално зазема водечка улога на пазарот во десет земји, додека извозниот пазар на компанијата го сочинуваат над   60 земји.

 Покрај енергетските напитоци, портфолиот на компанијата вклучува ладни чаеви, витамински и безалкохолни пијалаци, вода со врвен квалитет како и HELL Ice Coffee.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Хел“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...